ВРАТЕТЕ ГИ ЛУЃЕТО ОД КОСОВО - Еди Рама со итен повик до министрите
Објавено во: Балкан 05 Декември, 2019
Албанскиот премиер Еди Рама, ова утро, на итна средба со Советот на министри во Тирана, им наредил на министрите за образование и здравство и социјална заштита Беса Шахини и Огета Манастирлиу да ги повикаат и да ги вратат луѓето што се засолниле на Косово.
Рама нагласил дека целокупната состојба во областите погодени од земјотресот е добра и се движи кон подобрување.
Според медиумите, во Косово се над две илјади албански граѓани, поголемиот број од нив во Призрен.
По Самитот на НАТО во Лондон Рама искажал оптимизам дека Европа ќе ја подржи Албанија да ја надмине состојбата по катастрофалниот земјотрес. Според него, 15-те милиони евра доделени од Европската комисија не се еднствена помош, а албанскиот премиер очекува средства и од ИПА. Тој имас очекувања и од одржувањето на две донатоски конференции, едната што ќе ја организира ЕК и втората од турскиот претседател Ердоган.