31 Март, 2020
0.0327

„ВРБА“ НА МАНЧЕВСКИ СО НОВ РЕКОРД НА ГЛЕДАНОСТ

Објавено во: Мои пари 17 Јануари, 2020

Шестиот игран филм на режисерот Милчо Манчевски, „Врба“  ја надмина бројката од 30.000 гледачи, што е рекорд во Македонија.  Ова е најгледан филм во државата за 2019, надминувајќи ги и холивудските блокбастери. „Врба“ е и најгледан македонски филм во последниве години. Во минатото, во времето пред интернет стриминг генералната посетеност на сите кино-претстави беше на друго ниво. На пример, филмот „Прашина“ на Манчевски постави рекорд со 120.000 гледачи во 2001.

  „Врба“ од неодамна се прикажува во Кинотека. Неодамна, пред преполна сала, режисерот Манчевски се вклучи во разговор со публиката кој го модерираше филмската критичарка Марина Костова. Разговорот траше повеќе од еден час и во него беа дискутирани аспекти од „Врба“, но и од твоештвото на Манчевски воопшто.

По светската премиера на црвениот ќилим на Меѓународниот филмски фестивал во Рим, каде беше примен со петминутни овации, филмот ја имаше македонска премиера на 1 ноември и оттогаш ги полни киносалите низ цела Македонија. Минатиот месец од Синеплекс објавија дека „Врба“ е најгледаниот филм во нивната историја воопшто. Дистрибутерот на филмот го прикажа филмот во над 20 града во државава.

Поради популарноста на филмот од Синеплекс и Кинотека објавија дека Врба се враќа на нивниот репертоар. Врба ќе игра во два термина дневно (18 и 20 часот) и тоа во: вторник 21 јануари, среда 22., петок 24., сабота 25., вторник 28., среда 29., четврток 30 јануари (само во 17 часот) и сабота 1 февруари. Филмот ќе продолжи да се прикажува и низ Македонија.

Можеби ќе ве интересира

„Животот е непредвидливо патување. Одбери сигурност! Одбери полиса за осигурување живот од „Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје“!

„Животот е непредвидливо патување. Одбери сигурност! Одбери полиса за осигурување живот од „Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје“!

Wines of Macedonia: Донираме медицинска опрема на Инфективна клиника

Wines of Macedonia: Донираме медицинска опрема на Инфективна клиника

Година на легендите: Opel Ascona и Manta имаат по 50 години

Година на легендите: Opel Ascona и Manta имаат по 50 години

Утре прекин на водоснабдувањето близу касарната Илинден

Утре прекин на водоснабдувањето близу касарната Илинден

Санирани дефекти во Скопје

Санирани дефекти во Скопје

Донација од Нектар: Фруктал производи за Инфективната клиника

Донација од Нектар: Фруктал производи за Инфективната клиника

ЈП Водовод и канализација: Неделен извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација: Неделен извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Дополнете го вашиот карактер со новиот HUAWEI P40 lite

Дополнете го вашиот карактер со новиот HUAWEI P40 lite

ЈП Водовод и канализација: Дел од Тафталиџе утре без вода

ЈП Водовод и канализација: Дел од Тафталиџе утре без вода