29 Септември, 2024
0.0422

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Под слоганот „Преминуваме на дела“, денеска Коалицијата „Вреди“ ги одбележа првите сто дена на новата Влада каде свои обраќања имаа лидерите на политичките партии од коалицијата.

Заменик-премиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, ги истакна значајните достигнувања на коалицијата, вклучувајќи ги распределбата на 100 милиони евра за општините, зголемувањето на пензиите, борбата против коцкањето, создавањето 600 нови работни места за медицински специјализанти, како и формирањето на Албанската академија.

- „Вреди“ не е само алтернатива на ДУИ, туку е канализиран револт што има за цел да донесе посакувани промени за Албанците. Ова е можност дадена од народот и ние ќе ја одржиме оваа доверба со чест и одговорност, вели Фетаи.

Претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, потенцираше дека Коалицијата за овие сто дена има направено значителна разлика со албанската опозиција, за која рече дека не постигна ништо цели 22 години. Вели приоритетите за иднината на „Вреди“ вклучуваат реформи во јавната администрација, енергетска транзиција и развој на човечки капитал. 

Ибрахими ја нагласи потребата од иницијативата за формирањето Албанската академија на науките и рече дека е неопходен чекор за интегрирање на албанските интелектуалци и научната мисла. 

Претседателот на Демократското движење и прв заменик-премиер, Изет Меџити, изјави дека „Вреди“ претставува нов квалитет во политичкото претставување на Албанците. Во овие 100 дена, Меџити вели имаше ротација на политичката власт, за која рече интензивно работела на спорни предмети кои ќе бидат во Обвинителството и судството, нагласувајќи „ние не сме ниту за реваншизам, ниту за моноетнички, ниту за популистички политики“.

- Се соочуваме со деструктивна опозиција која секојдневно беспредметно критикува без аргументи во функција на дестабилизација и дефокусирање, не во интерес на граѓаните, туку за спас од одговорност. Покрај тоа, тие имаа деструктивни иницијативи кои долго време беа во фиоките и сега ги вадат на виделина, бидејќи сè уште го контролираат судството, како што за жал е Уставниот суд којшто стана инструмент на дневната политика и на дестабилизациските процеси, вели Меџити

Претседателот на Движењето БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами, ја критикуваше ДУИ за нејзините неуспеси, особено во областа на децентрализацијата.

- „Вреди“ е тука за да ги исправи неправдите и да обезбеди дека албанските општини ќе имаат вистинска децентрализација, а не празни ветувања, рече Касами.

Преку видео врска од САД се вклучи и претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, кој истакна дека албанските граѓани конечно се ослободени од 22-годишната власт. 

- Градиме иднина каде што моќта е во рацете на народот, а не во џебовите на корумпираните, рече Таравари, нагласувајќи дека Министерството за здравство сега функционира во служба на граѓаните и е далеку од корупцијата.

Лидерите од коалицијата потенцираа дека следува институционална борба за санкционирање на сите кои се огрешиле пред законот од минатата Влада и дека остануваат цврсто посветени на изградба на посветла иднина за сите Албанци во земјава.

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала