Вреди: Поранешен кадар на Груевски ортак со Јахоски, човек од доверба на Ахмети - „деалбанизација“ е параван за страв од правосудна одговорност
Објавено во: Македонија 11 Март, 2025 11:47
По апсењата и претресите кои се спроведуваат од вчера, а како што се пренесува во медиумите причина се сомнителни набавки на мазут со кои е направена штета врз буџетот на државата, но уште полошо, врз здравјето на граѓаните и врз целата животна средина.
Денеска, по објавите дека меѓу уапсените е и син на пратеник од редовите на ДУИ реагираат и од албанскиот блок Вреди, од каде влат на површина излегуваат матните зделки на партијата.
- Сите патишта на ова раководство на ДУИ водат кон Груевски и Сашо Мијалков. Ратко Капушевски, поранешниот кадар на Груевски за директор на СЦ Борис Трајковски, како играч на Самсоненко и Мијалков станува играч во бизнисот со нафта и се уортачува со синот на Исмаил Јахоски алијас Пуцко Петрол, човекот од највисока доверба на Али Ахмети.
Со акција на МВР овој режимски картел неофицијално се сомничи за испумпување на 10 милијарди денари преку фиктивни договори чиј предмет е штетен за воздухот и отровен мазут - пишува во соопштението кое Вреди го испрати до медиумите.
Од таму истакнуваат дека „ова не е само криминал! Ова е и лага! Наводната „деалбанизација“ со која измамнички манипулира ДУИ е само параван за нивниот страв од правосудна одговорност“.
- Оваа партија нема веќе што да скрие од народот! Се покажаа голи пред Албанците и целосно го изгубија кредибилитетот! Нема веќе ткаенина која може да го покрие нивниот срам!
Една од последните епизоди на очајниците се заканите за политичка криза и бојкот.
Станува целосно легитимно прашањето дали зад ова сценарио на ДУИ всушност се кријат Груевски и Мијалков? - прашува на крајот Вреди.
Можеби ќе ве интересира
Вечното почивалиште на Сара и Андреј ќе биде во Скопје - погребот ќе биде утре

ПАЛЕВСКИ ГО ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО СО ДРУГ АДВОКАТ – ВИТАНОВСКИ НЕ САКА ПОВЕЌЕ ДА ГО БРАНИ: На почетокот веруваше во неговата невиност
ДОБРА ВЕСТ: ПОМИНАА КРИТИЧНИТЕ 72 ЧАСА, НЕМА ПОЧИНАТИ ПАЦИЕНТИ, СИТЕ СЕ ВО РЕЛАТИВНО СТАБИЛНА СОСТОЈБА - најнови информации од Таравари
Уапсен сопственик на кабаре во Куманово, поседувал пиротехника

„ИМИЊАТА НА ОВИЕ ДЕЦА ТРЕБА ДА СТАНАТ СИМБОЛ НА БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И АЛЧНОСТА“: Зошто треба да се пренесува погребот на жртвите

„БЕЗ ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА, САМО ПРАВНО АРГУМЕНТИРАНО!“: Апасев до министерот за внатрешни Тошковски

Таравари најави истрага откако кумановец почина од предизвикана алергија во болница

СЕГА ИСТИОТ ТОЈ ОБВИНИТЕЛ Е НАЗНАЧЕН ЗА ИСПОМОШ ВО ОЈО КОЧАНИ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ СМУТИ И ЧИЈА ТРАГА ТРЕБА ДА СЕ ОДБЕГНЕ ЌЕ ВИДИМЕ: екс обвинителката Кадриу со скандалозно сведоштво

ВИДЕО: ОВОЈ ФИЛМ СТАНА ТАЖНАТА ПРИКАЗНА НА КОЧАНИ: Серија страшно потсетува на хоророт во „Пулс“
