ВРЕДИ ВЕЛИ АЛБАНЦИТЕ СЕГА СЕ ЈАДРО ВО ДРЖАВАТА, АДЕМИ СО КОНТРАНАПАД: „Најболно е што Албанци се потпишани на законот за правична застапеност!“

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2025 16:25
Коалицијата Вреди соопшти дека наредната недела на владина седница ќе биде донесен Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во јавната администрација, што според партијата претставува „историска правда“ и исполнување на суштинска точка од Охридскиот рамковен договор.
Од Вреди велат дека со оваа одлука ќе заврши ерата на институционална дискриминација која, според нив, траела три децении.
– Ова не е политичка реторика, туку историска корекција. Албанците не се повеќе декор во оваа држава, тие се нејзино јадро – порачаа од Вреди.
Партијата истакна дека законот се носи врз основа на Амандманот „VI“ од Уставот и оти ќе биде обврзувачки за сите институции, кои ќе мора да обезбедат фер застапеност со почитување на компетентноста, интегритетот, транспарентноста и инклузивноста.
– Она што ДУИ не го направи 22 години со сета власт на располагање, Вреди го прави во првите месеци од мандатот – велат од Коалицијата.
Од Вреди ја обвинија ДУИ дека „го продала Охридскиот договор за фотелји и позиции“, додека тие, како што велат, го враќаат достоинството и рамноправноста на Албанците во сите институции.
– Албанците отсекогаш заслужуваа да бидат во центарот на институциите, ние го спроведуваме тоа по закон – децидни се од Вреди.
Со реакција се огласи Арбер Адеми од ДУИ.
„Навистина се срамотни! Мислевме дека го допреле крајот, но не! Тие одат уште пониско.
• не се обезбедени етничките квоти, што значи дека сепак ќе продолжиме како и до 2001 година кога Албанците имаа само 0,2%
• нема обврска институциите да ги идентификуваат граѓаните врз основа на етничка припадност во случај на вработување или унапредување;
• не обезбедува одредби за санкционирање.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор

БУГАРСКО МНР ДО МАКЕДОНИЈА: Нема да толерираме говор на омраза и лични напади

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС пораката која стигна до граѓаните е тест

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство

ОЈО: Извршен е разговор со децата уапсени за пожарот кај Стајковци и се пуштени

МНР ОЧЕКУВА ИЗВИНУВАЊЕ ОД СОФИЈА: Недоличниот речник претставува директна повреда на основните принципи на меѓународното право

МИЦКОСКИ: Можеби некој очекуваше дека ќе ги напуштиме преговорите, ќе докажеме дека сме најдобриот ученик
