Вредноста на биткоинот скокна откако стана официјално средство за плаќање во Ел Салвадор
Објавено во: Економија 09 Јуни, 2021
Биткоинот сега е официјално средство за плаќање во Ел Салвадор, и тоа придонесе веднаш да се зголеми неговата вредност.
Од 85 пратеници, 64 гласаа за законот со кој оваа криптовалута се прогласува за официјално средство за плаќање во Ел Салвадор, заедно со доларот.
Цената на биткоинот порасна веднаш по гласањето и тоа за пет проценти. Сега тој чини 34.295 американски долари. Во Ел Салвадор готовината најмногу се користи за плаќање, така што 70 отсто од луѓето сè уште немаат сметки во банка. Над два милиони Салвадорци живеат во странство, но сепак одржуваат блиски врски со нивната земја на потекло, враќајќи и повеќе од четири милијарди долари секоја година.
Екс американскиот претседател Доналд Трамп го нападна биткоинот, а го брани доларот.
foto freepik