20 Април, 2024
0.0254

ВРЕМЕ Е! Разбуди ја свеста и кажи стоп на смртта на патиштата

Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

17 Ноември, 2019 година, - Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.  Светски ден,  посветен на милионите лица кој изминатите години трагично го загубија животот на патиштата ширум светот. 

Секој загубен човечки живот носи тага, болка, празнина и тежина на душата за членовите на семејството, роднините и пријателите на починатото лице. Загубените животи во сообраќајни незгоди носат дополнителна болка,  дополнителна тага и тежина затоа што загубите и повредите во сообраќајот се ненадејни, насилни, трауматски, трагични настани. 

Годишно, 1.3 милиони луѓе, од сите страни на светот,  го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се повредени.  Тоа значи дека над 3.500 лица умираат дневно, како последица од сообраќајни незгоди, односно на секои 25 секунди едно лице го губи животот во сообраќајна незгода.

Товарот на тага и неволја што го доживуваат огромен број луѓе како последица на сообраќајните  незгоди е сè поголем затоа што голем дел од жртвите и повредените лица во сообраќајни незгоди се  деца и млади. Годишно во светот, околу 400.000 млади лица, на возраст до 25 години, го губат животот во сообраќајни незгоди, односно 1100 млади лица, на возраст до 25 години, секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди.

Сообраќајните незгоди претставуваат прва причина за смртност за лицата на возраст од 15 до 19 години,  втора причина за смртност за лицата на возраст од 10 до 15 години и од 20 до 24 години и трета причина за смртност за лицата на возраст од 5 до 9 години.

Во Република Северна Македонија,  во просек, околу 150-160 лица годишно го губат животот во сообраќајни незгоди, односно по едно лице на секои 2-3 дена.  Околу 6200 лица, секоја година се повредени во сообраќајни незгоди!   

Во 2018 година,  133 лица го загубија животот на улиците и патиштата во Северна Македонија,  а 5860 лица  се сериозно повредени.

Секоја година,  нови настрадани - загинати  и поврдени лица,   се додаваат на безброј милиони што веќе страдаат како  последица  на сообраќајните незгоди.   Затоа РСБСП со апел:  ВРЕМЕ Е!  РАЗБУДИ ЈА СВЕСТА  И  КАЖИ СТОП ЗА СМРТТА НА  ПАТИШТАТА!  Стоп за возачите кои без размислување притискаат на педалата за зголемување на брзината!  Стоп за возачите кои  возат пијани!  Стоп за не користењето на  безбедносните  појаси!  Стоп за возачите кои возат технички неисправни и небезбедни возила! Стоп за мотоциклистите без заштитна кацига!  Стоп за лошите патишта! Стоп за не одбележаните пешачки премини ! Стоп за небезбедените  велосипедски патеки!

Нула толеранција за неодговорно учество во сообраќајот затоа што последиците од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, тешки, трајни и ненадоместливи. 

Голем дел од тешките судбини со кои се соочуваат милиони семејства ширум светот, ќе беа  поразлични доколку безбедноста на сообраќајот ја добиеше важноста и приоритетот на општествено  дејствување кој несомнено го заслужува.  Многу човечки судбини ќе беа поразлични доколку   секој учесник во сообраќајот беше за нијанса поодговорен и посовесен. 

Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди има цел да не потсети, да дадеме помен  на сите загинати лица во сообраќајни незгоди,  но и да  допре до свеста на секој учесник во сообраќајот, да размисли за одговорноста и за последиците од сообраќајните незгоди.

„Да ја намалиме црната статистика на патиштата, да го направиме сообраќајот побезбеден, почнувајки секој од себе, од сопствените грешки и од сопственото однесување во сообраќајот.  Време е!  Разбуди ја свеста  и  кажи стоп за смртта на  патиштата! – порачуваат  од РСБСП по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга