ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Еве какво време ќе имаме денес
Објавено во: Македонија 26 Август, 2021
Променливо облачно, посвежо со повремен пороен дожд и грмежи, особено во северните делови од земјава.
Ова е најавата на метеоролозите за денеска.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 27 степени.
Нестабилно ќе биде и утре.