Временската прогноза за 2019 година треба да не загрижи
Објавено во: Свет 06 Декември, 2018
Следната година повторно ќе биде срушен рекорд бидејќи 2019 година веројатно ќе биде петта по ред најтопла година некогаш забележна.
Светската метеоролошка организација објави „депресивен“, но не изненадувачки факт за состојбата на климата во 2018 година базирана на 5 различмни независни истражувања на температурите ширум планетата.
Елена Манаенкова од Светската метеоролошка организација вели дека секоја фракција загревање се одразува врз човечкото здравје, храна, вода за пиење, преживување на животните и билките, преживување на коралните гребени и морските животни.
Сите научници предупредуваат на тоа што ќе се случи ако просечната температура порасне за 1,5 степени Целзиусови. Ќе дојде до масовно губење на цели видови животни, поплави, жештини, пожари, пораст на нивото на морето и недостаток на храна. И понатаму не се работи за да се реши тој проблем.
На глобалното затоплување влијаат и природните појави како торнадата или пак човечките фактори.