Временски неприлики како оние на Халкидики ќе имаме се почесто?
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2019
Грчкиот професор Ефтимис Лекас изјави дека никогаш досега не доживеале таков феномен на Халкидики во однос на неговиот обем и јачина, две големи фактори.
Професорот вели дека во иднина опасности ќе има многу често.
Како експерт за управување со природни катастрофи, вели дека светот се противи на „новите видови опасност“ чии варијации во голема мера се непознати и дека мора да се прилагодиме на нивната се почеста појава.
„Имаме слика од она шпто се случи од првиот момент, но ги анализираме карактеристиките на феноменот и сметаме дека бил единствен. Секоја појава е во извесна мера единствена, секако, но она што ме изненади лично, е дека секогаш се соочуваме со нови видови опасност“, истакнал тој.
Како пример, тој навел патување во Индонезија пред 6 месеци со тим научници, за да го проучат цунамито кое се случило без никаков претходно земјотрес, нешто што никогаш претходно не било забележано.