23 Април, 2024
0.0253

Врховен суд бара Пелагонија Гостивар да и врати 1,6 милиони евра на општина Центар

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Општина Центар деновиве очекува фирмата „Пелагонија Гостивар“ да и врати 96 милиони денари или околу 1,6 милиони евра, пари кои со блокада ги одзеде од општинската сметка летово. Овој расплет следува откако Врховниот суд одлучил во полза на општина Центар и ја прифатил нивната ревизија, па судскиот спор на Центар со фирмата го вратил на повторно разгледување, на првостепен суд. Компанијата ја тужеше општина Центар и го доби спорот во кој докажуваше дека е оштетена што поранешниот градоначалник Андреј Жерновски го раскина договорот за изградба на катната гаража кај зградата на поранешна „Нова Макеоднија“. Судот досуди во нивна полза, а таа одлука ја потврди и Апелацискиот суд, по што оваа фирма од сметката на Центар летото лани скина 96 милиони денари. Општината остана болирана и две недели не можеше да функцинира нормално. 

Актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ за Фактор потврди дека Врховниот суд го вратил процесот на почеток и дека ја прифатил нивната ревизија на случајот. Судот наложил Пелагонија Гостивар веднаш да ги врати парите. Богдановиќ вели дека очекува деновиве парите да легнат на општинската сметка. Во спротивно ќе бара да ги наплати преку извршител како што летото тоа го стори и Пелагонија Гостивар.

Фактор пишуваше за овој случај, за кој истражуваше и Управата за финансиска полиција. Поранешниот градоначалник Жерновски кој сега е заменик министер за надворешни работи тврдеше дека не го раскинал договорот. Сите детали овде


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска