„Врие“ во партијата на Вучиќ, нема единство за гласање на Брнабиќ
Објавено во: Балкан 16 Јуни, 2017
Шефот на пратеничката група на СНС во Собранието на Србија, Александар Мартиновиќ закажал за в понеделник состанок на пратеничката група, пишуваат белградски медиуми.
Состанокот ќе се одржи во Белград, пишува „Блиц“.
„Претседателот Александар Вучиќ доаѓа да нè убеди нас пратениците од СНС да гласаме за одлуката за изборот на Ана Брнабиќ за премиер“ - вли партиски извор за весникот.
Претставниците на Единствена Србија на Драган Марковиќ ќе гласаат против изборот на Брнабиќ за премиер.
Ниту во СНС нема единство, па најмалку третина од 102 пратеника колку што имаат од СНС, негодуваат поради одлуката на Вучиќ мандатот да и го довери на досегашната министерка за државна управа.
Претходно и шпекулациите за нејзин избор наидоа на несогласување од страна на повеќе партии, па и од Српската Православна Црква.
Хаосот и несогласувањето, се и поради тоа што Брнабиќ е припадник на геј заедницата.
Вучиќ изјавил дека костурот на Владата ќе остане ист, со тоа што Брнабиќ ќе го води економскиот дел, преговорите со ММФ, како и процесот на дигитализација, а суштинскиот политички дел ќе го води Ивица Дачиќ.