23 Април, 2024
0.0270

ВРСКА СО ВРАБОТЕНА НЕ СЕ ПРОСТУВА: Мекдоналдс го отпушти извршниот директор

Објавено во: Свет 04 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Стив Истербрук веќе не е на функцијата извршен директор и претседател на Мекдоналдс, откако Бордот на компанијата утврди дека ја нарушил нејзината политика, соопшти вчера компанијата.

Истербрук, како што пишува CNN, кој стана извршен директор во 2015 година, „покажа лошо поведение, за неодамнешен однос со вработен“, се вели во изјавата на Мекдоналдс, иако се нагласува дека врската со вработената била консензуална, што значи дека и таа се согласила на неа. 

Тој се „одвои“ од овој гигантски синџир за брза храна, и беше заменет и во двете функции од Крис Кемпчински, што стапува на сила веднаш. Кемпчински, кој се приклучи на Мекдоналдс во 2015 година и беше неодамна претседател на Мекдоналдс во САД, во изјавата рече дека е „енергизиран од овој предизвик“ и со нетрпение очекува „да го води континуираниот успех на Мекдоналдс“.

Во е-поштата испратена до вработените во Мекдоналдс, Истербурк изрази жалење за врската.

„Што се однесува до моето заминување, се вклучив во неодамнешниот консензуален однос со вработен, што ја наруши политиката на Мекдоналдс“, напиша Истербурк. „Ова беше грешка. Со оглед на вредностите на компанијата, се согласувам со одборот дека е време да продолжам понатаму. Покрај ова, се надевам дека можете да ја почитувате мојата желба да ја задржам приватноста".

Тој исто така рече дека неговото време како извршен директор „биле најуспешните години од мојот работен век“.

Одборот соопшти дека е уверен во способноста на Кемпчински да ја води компанијата.

Во својата е-пошта, Истербурк го опиша Кемпчински како „идеална личност да ја преземе улогата на извршен директор“.

Под водство на Истербурк, компанијата се посвети и на своите основни придонеси од менито, напуштајќи ги занаетчиските сендвичи и намалувањето на доцните ноќни оброци за да се зголеми ефикасноста. Додека другите синџири ги испробуваат растителни протеини, Истербурк остана претпазлив на трендот.

Фото: CNN


Можеби ќе ве интересира

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

Дуда: Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Дуда: Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија