26 Април, 2024
0.0281

ВТОР ДЕН ОД БАЛКАНСКИОТ ДАВОС

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Вториот ден од работата на најголемиот економски форум Копаоник 2019 помина во знакот на суштинските анализи за економските политики кои се водат 10 години после големата економска и финансиска криза. Генерална оценка на најголем број од учесниците е дека ниту приватниот сектор, ниту јавните институции, ниту универзитетите се на нивото на одговорноста што е потребна за постигнување на повисоки стапки на раст и дека понатаму остануваат клучните диспаритети во економските политики,  а тоа се: односот помеѓу капиталот и трудот, активното и издржувано население и континуитетот на правната регулатива. 

Делегацијата на Стопанската комора на Македонија имаше активно учество  вториот ден на Бизнис форумот. Покрај многубројните билатерални средби, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, организираше свечена вечера за партнерите на Комората кои беа присутни на Бизнис форумот: Александар Влаховиќ, претседател на Организациониот одбор на Копаоник бизнис форумот, кој воедно е и претседател на Сојузот на економисти на Србија,  претставници од европски финансиски институции - Негре Дубравка, раководител на регионалната канцеларија за Западен Балкан на Европската инвестициона банка и Зоран Мартиновски, менаџер  на Меѓународната финансиска корпорација IFC за Македонија и Црна Гора, управата на НЛБ Банка на чело со Блаж Бродњак, претседател на Бордот на директори на НЛБ Банка, поранешниот премиер на  Босна и Херцеговина, Драган Микеревиќ, Игор Радојчиќ, градоначалник на Бања Лука, истакнати стопанственици од нашата земја, претставници на медиумите и други гости. 

На вечерата претседателот Азески ги презентираше можностите за инвестирање во нашата земја и зборуваше за регионалните проекти во кои можеме заеднички да учествуваме. Претседателот на Организациониот одбор на Копаоник бизнис форумот, Александар Влаховиќ, се заблагодари на организираното учество на  македонската стопанска делегација и констатира дека со тоа се отвора простор за ширење на Форумот надвор од границите на Србија. 

Господинот Светозар Јаневски, на вториот ден од Форумот учествуваше на еден од најпосетените панели, заедно со истакнати бизнисмени од регионот, на којшто дебатираа на темата: „Како да се води бизнис на Балканот - предности, слабости и препораки“. 


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет