19 Април, 2024
0.0255

Втора исечена глава во Франција, овој пат во Ница: Маж со нож уби тројца во црква

Објавено во: Свет 29 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Напаѓач вооружен со нож денеска убил три лица во црква во францускиот град Ница, од кои едното е обезглавено, објавија француските медиуми и полицијата, во настан што градоначалникот го нарече тероризам.

Градоначалникот Кристијан Естроси на Твитер напиша дека нападот се случил во близина на црквата Нотр Дам и дека полицијата го уапсила напаѓачот, кој според последните информации е во болница.

Тој, како што изјави Естроси, извикувал „Алаху Акбар“, дури и откако бил уапсен.

"Осомничениот напаѓач беше застрелан додека беше уапсен. Тој е сè уште жив", изјави Естроси пред новинарите.

"Доста е. Време е Франција да ги отфрли законите за мир со цел дефинитивно да го искорени исламофашизмот од нејзината територија", додаде тој.

Официјалните лица прво изјавија дека се убиени две лица, а подоцна тие го зголемија билансот на три, додека извор од полицијата изјавил дека на една жена и е отсечена главата.

Антитерористичкиот оддел на француското обвинителство објави дека ќе го испита нападот.

Естроси пред новинарите изјави дека жртвите биле убиени на „ужасен начин“.

„Методите се совпаѓаат со оние применети над храбриот учител Самуел Пети“, додаде тој, потсетувајќи на нападот што се случи претходно овој месец во предградие на Париз.

Репортерот на Ројтерс известува дека полицајци вооружени со автоматски пушки биле на лице место, блокирајќи ги влезовите во црквата.

Тензиите се зголемуваат во Франција по изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за исламот и новото објавување на карикатури на пророкот Мухамед.

Полициски службеници вооружени со автоматски пушки се на терен и ги блокираат влезовите во црквата „Ројтерс“

На почетокот на овој месец беше убиен учителот по француски јазик Самуел Пети, а напаѓачот кој го обезглави, рече дека сакал да го казни за прикажување карикатури од протокот Мухамед.

Изјавите на Макрон и објавувањето на карикатурите предизвикаа негодувања во муслиманскиот свет и повикуваат на бојкот на француските производи во неколку блискоисточни и африкански земји, како и во Турција.


Можеби ќе ве интересира

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници