Вучиќ е во стабилна состојба
Објавено во: Балкан 16 Ноември, 2019
Претседателството на Србија за Н1 потврди дека здравствената состојба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е стабилна откако вчера тој беше итно хоспитализиран поради проблеми со срцето.
Вучиќ бил примен на Воено-медицинската академија во Белград, соопшти Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија, а веста рано наутро ја објавија сите српски медиуми.
На Вучиќ вчеравечер нагло му се слошило откако беше на разгледување на проектот „Белград на вода".