НЕ НИ ИДЕ ПАМЕТ: ВУЧИЌ ГО ПРОДОЛЖУВА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС - ќе биде од 17 до 5 наутро
Објавено во: Балкан 21 Март, 2020
Србија со уште поригорозни мерки за превенција од ширење на коронавирусот.
Наместо од 20 до 5 часот, како што беше досега, од утре полицискиот час во таа земја ќе биде подолг и ќе трае од 17 до 5 часот, најави српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Очигледно дека ние не можеме да бидеме дисциплинирани“, рече Вучиќ.
Ваквиот предлог тој ќе го достави до Владата и, како што рече, таа ќе го усвои.
Ако има потреба и граѓаните не бидат послушни, српскиот претседател најави дека ќе има уште поголемо зголемување на полицискиот час, па единствениот период од денот кога ќе можат да се движат Србите надвор ќе биде од 7 до 13 часот.
Од понеделник, според најавите, Србија ќе го пренамени Белградскиот саем во привремена болница и во него ќе бидат наместени 3 000 кревети.
На прес-конференцијата тој соопшти дека бил забележан најтешкиот ден во Србија бидејќи само од утрово се регистрирани 22 нови заразени, со што вкупната бројка се искачила на 171.