ВУЧИЌ ИМА УНИКАТЕН ПОДАРОК ЗА МЕРКЕЛ: Се чека реакцијата на германската канцеларка
Објавено во: Балкан 13 Септември, 2021
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во 16 часот ќе пристигне во Србија. Српски „Новости“ објави ексклузивно, каков поклон ќе и даде претседателот Александар Вучиќ кој ќе ја пречека пред палатата „Србија“
Имено според медиумот, подарокот е Приротски килим (Пироќански ќилим) што е
традиционален текстилен занаетчиски производ во областа Пирот во Србија. Тоа се смета за национален симбол на Србија, а е изработен со вештината за правење килими на вертикален разбој.
Пиротските килими со околу 122 украси и 96 различни типови се заштитени со географска ознака во 2002 година.
Меркел нешто по 16 часот ќе пристигне на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде ќе биде пречекана. Свеченоста за пречек ќе се одржи пред палатата „Србија“, објави службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката.
Првата средба меѓу канцеларката Меркел и претседателот Вучиќ е планирана веднаш по свечениот прием, по 18 часот.
Тие ќе разговараат, по што ќе има изјави за медиуми.