Вучиќ ќе бара помош од Русија за Косово?
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2018
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во посета на Москва, денеска изјави дека од неговиот руски колега, Владимир Путин ќе побара „подлабоко“ да го согледа косовскиот проблем и да „излезе“ со политички став на Москва за Косово.
Вучиќ вечерва ќе има состанок со Путин во Кремељ, а потоа ќе продолжат разговорите за време на работна вечера. Како што пренесува РТС, Вучиќ добил покана од Путин заедно да учествуваат во прошетката на „Бесмртниот полк“.
Дводневната посета е по покана на рускиот претседател, а Вучиќ ќе биде првиот странски државник кој ќе се сретне со Путин на почеток на новиот, четврт мандат на Путин.
На воената парада, покрај Вучиќ, како што најавуваат руските медиуми, од странските претставници, ќе присуствува и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.