25 Април, 2024
0.0494

Вучиќ: Можеме до компромис меѓу двата најголеми народи на западниот Балкан – Србите и Албанците

Објавено во: Балкан 10 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ гледа можност за наоѓање компромис со Косово со што би се ставил крај на проблемот меѓу како што вели двата најголеми народи на западниот Балкан – Србите и Албанците, но тоа мора да обезбеди мир и стабилност.

– Затоа сум подготвен да учествувам во изнаоѓањето компромисно решение за Косово и Метохија, решение од кое нема да бидат задоволни ни двете страни, бидејќи само такво решение и може да биде компромисно. Денес ние не решаваме за нашето минато, туку за нашата иднина, изјави Вучиќ при гостување на телевизијата Пинк.

Затоа, според него, како исклучително важен го смета внатрешниот српски дијалог за Косово, на кој, како што рече, се повикани најширок круг актери од општествениот и политичкиот живот во Србија.

– Важно е да имаме добри односи со Албанците и да ги уредиме еднаш за секогаш, а не да одржуваме замрзнат конфликт, потенцира српскиот претседател,

Вучиќ натаму нагласи дека е свесен оти одредени кругови во Србија нема да му простат за каков и да било компромис и дека од тоа може да има лични и политички последици.

– Тука се поставува суштинското прашање дали ќе имаме доволно храброст себе си да си погледнеме во очи и да кажеме ова е реално, а ова не е и да имаме доволно храброст да кажеме дека не може да се наметне нешто за кое некој мисли дека така мора да биде, а при тоа да не понуди сериозни аргументи. Треба да ги соочиме аргументите и да дојдеме до решение, додаде Вучиќ.


Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“