Вучиќ: Од ЕУ се надевавме и очекувавме, но не добивме ништо
Објавено во: Балкан 02 Март, 2021
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на средбата со членовите на Претседателството на БиХ, донираше 10.000 дози од вакцината на АстраЗенека против Ковид-19.
„Не станува збор само за вакцини, туку и за нашата доверба едни во други, да не живееме за да си плескаме шлаканици едни на други пред светските власти“, рече тој.
Во БиХ постојат сомневања дека вакцините на АстраЗенека донесени од Вучиќ се со послаб квалитет бидејќи се произведени во Индија.
„Среќен сум ако спасиме пет, 10 или 20 животи, тоа е важна и голема работа. Дојдов да кажам дека ова се вакцини за БИХ и бидејќи гледам дека имаат некои забелешки, без оглед на вакцините што ќе ги побарате, ќе ви ги обезбедиме за 10 дена, ги имаме сите четири видови, но мислам дека проблемот не е вакцината, таа е добра вакцина “, рече тој.
Вучиќ вели дека проблемот не е во вакцините, туку дека целта на критиките е самиот тој.
„Кога ЕУ дава нешто, тогаш тоа е солидарност и пријателство, а кога некој друг дава, тогаш тоа е доминација. Па, каква е таа болест? Јас сум заситен од овие шупливи приказни, знам дека тоа се зборува и во БиХ и Србија. Од ЕУ се надевавме и ги очекувавме, но дали ги добивте овде во Сараево - не, дали ги добивме ние во Белград - не. Ние го направивме она што би го сторил секој нормален сосед, пријател“, рече тој.