16 Јули, 2019
0.0217

Вучиќ од „големиот митинг“: Србите најмногу војуваа од сите во 20 век

Објавено во: Балкан 20 Април, 2019

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на митингот "Иднината на Србија" во центарот на Белград синоќа пред насобраните рече дека во тек е  "национална консолидација и рехабилитација".

"Јас сум вечерва, за оние кои се политички противници нема да кажам ниту еден збор, јас ќе зборувам за иднината на Србија", рече тој пред десетици илјади луѓе кои се собраа.

Тој им се заблагодари на сите што доаѓаат од Србија, Косово,од Република Српска, Санџак, Црна Гора, Северна Македонија, Хрватска ...

"Ние го почитуваме територијалниот интегритет на сите земји, но ние имаме право да ја задржиме и да го браниме идентитетот и кириличното писмо ", наведе српскиот претседател.

"Тоа е нашата национална консолидација и рехабилитација. Иако имаме огромен број на проблеми, треба да учиме од оние кои го сочувале својот народ најтешките времиња", рече тој, додавајќи дека "Србија не сака војна во 21-от век затоа што најмногу војувале од сите во 20-иот"

Вучиќ рече дека, кога станува збор за дијалог со Косово, „може да се закануваат и да вршат притисок колку што сакаат, нема да има разговори се додека не се укине високата царинска такса“

"Ние сакаме да се создаде единствен буквар и еден учебник за сите српски деца, без оглед на нивната земја на раѓање. Време е да се обединат, и никогаш тие да не бидат загрозени", рече водачот на Србија, кој рече дека треба "да се учи од оние кои успеале во зачувување на својот јазик, писмо и култура, како што се Германците, кои поминале низ тешки времиња, но, исто така, денес се меѓу најмоќните во светот. "

"Србија со брза ракета ќе оди напред. Ќе разговараме, но нема да дозволиме протерување на нашиот народ од вековните огништа во Косово"

Од Србите побара во иднина да го зголемат наталитетот. Порача и дека српската авијација е доволно силна да го чува сопственото небо и дека се надева дека германскиот инвеститор „Фолксваген“ ќе одлучи да инвестира во Србија.


Можеби ќе ве интересира

Над 3.500 молњи во Грција - се очекува нова бура

Над 3.500 молњи во Грција - се очекува нова бура

Какви договори ќе потпишат Макрон и Вучиќ?

Какви договори ќе потпишат Макрон и Вучиќ?

Вучиќ: Со цело срце ја прифаќам идејата на Заев кажана пред руските комичари

Вучиќ: Со цело срце ја прифаќам идејата на Заев кажана пред руските комичари

Може ли Макрон „да го притисне“ дијалогот меѓу Белград и Приштина?

Може ли Макрон „да го притисне“ дијалогот меѓу Белград и Приштина?

Ципрас: На СИРИЗА и е потребна транформација

Ципрас: На СИРИЗА и е потребна транформација

Макрон доаѓа во посета на Белград, а Вучиќ за него има неколку подароци

Макрон доаѓа во посета на Белград, а Вучиќ за него има неколку подароци

Арапите инвестираат во уште една балканска земја

Арапите инвестираат во уште една балканска земја

(ВИДЕО) Бугарија очекува бури, а еве како изгледа снегот кој падна на Мусала

(ВИДЕО) Бугарија очекува бури, а еве како изгледа снегот кој падна на Мусала

Поплави во западна Грција, луѓето се евакуираат

Поплави во западна Грција, луѓето се евакуираат