Вучиќ откри како и кога сфатил дека ЕУ не е сериозна со вакцините, па веднаш „се растрчал“ на сите страни
Објавено во: Балкан 06 Март, 2021
Српскиот претседател, Александар Вучиќ објасни како ги набвавил вакцините против ковид-19 за неговата земја. Во интервјуто што го даде за босанската телевизија, FACE TV, кажа и една интересна работа која се однесува на нашата земја и нашиот проблем со набавката на вакцини.
„Јас бев во Брисел, и тие ми кажаа дека ковакс програмата е во подготовка и ќе биде реализирана. Јас ги прашав кога ќе се реализира? Тие ми кажуваат, знаете тоа ќе биде, Европската Унија е најмоќна сила во светот. Јас им велам се тоа го знам, но кога ќе биде тоа? Јас сум сепак многу искусен и доволно стар, и сум поминал низ многу работи, поминав низ силни притисоци додека ја договаравме Бриселската спогодба. И човек ја научува таа школа. И кога пет пати ќе ги прашам и нема да добијам конкретен одговор, туку ќе добијам одговор прво ние ќе се снабдиме, а потоа веднаш ќе бидете вие, јас тогаш ги прашувам - кога е тоа веднаш после вас. И кога на тоа нема да добијам одговор јас знам дека ние самите треба да се подготвиеме да се снабдиме со вакцини. Јас знам дека мојот пријател, Зоран Заев целосно се потпираше на Европската Унија бидејќи така му беше речено. Ние не се потпиравме на ЕУ, туку тргнавме во набавка на вакцини веднаш по тој состанок. И им реков на моите од владата, набавувајте билатерално со Американците и веднаш потпишувајте договор со Фајзер. Му се јавив на британскиот премиер, Борис Џонсон и разговарав со него. Разговарав со многу луѓе во Велика Британија да ни овозможат да ја набавиме вакцината астра-занека. Разговарав со Путин, разговарав со Си Џинпинг. Осум писма разменивме со Си Џинпинг за да ја реализираме набавката на вакцините“, објаснува Вучиќ.