Вучиќ порача дека од денеска ништо нема да биде исто
Објавено во: Балкан 28 Мај, 2019
Српскиот претседател, Александар Вучиќ по најновите тензии на Косово изјави дека од денеска ништо нема да биде исто.
Вели дека нема да војуваат, ќе го чуваат мирот по секоја цена.
„Никому не сум се заканувал со војна, само реков дека ќе го чуваме нашиот народ и нема да дозволиме нов прогон. По денешниот напад ништо веќе нема да биде исто. Ќе имаме поинаков однос кон преговарачите и сите кои денес се правеа будали и говореа дека станува збор за борба против корупција или во прв момент не се јавуваа. Се јавија дури кога сфатија дека сме многу сериозни во намерата да го сочуваме нашиот народ“, изјави Вучиќ.
Граѓаните на српските општини на северот на Косово утрово ги разбудија сирените за тревога. Прпадници на специјалната единица Роса со 73 оклопни возила околу 6 часот упаднаа во северниот дел на Митровица, Зубин Поток и Лепосавик и уапсија најмалку 19 Срби и Бошњаци.Целта на акцијата како што напиша косовскиот премиер Рамуш Харадинај на Твитер било апсење на полицајци и цивили осомничени дека се вклучени во нелегална трговија и организиран криминал и не е насочена против Србите. Истата изјава стигна и од Брисел и од КФОР.
Министерството за надворешни работи на Русија го нарече упадот на косовските специјални сили во српските општини и апсењето на 13 Срби „уште една во низата провокации од Приштина“.
Foto: Nemanja Nikolić