Вучиќ прв ќе ја прими вакцината против Ковид-19 во Србија
Објавено во: Балкан 25 Октомври, 2020
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека тој ќе ја прими првата вакцина која ќе стигне во Србија, а очекува тоа да се случи во март следната година.
– Првата вакцина која ќе дојде во Србија ќе ја примам јас, Брнабиќ од следниот производител кој ќе стигне, некој друг од трет, нагласил Вучиќ по денешната седница на Претседателството на Српската напредна странка, пренесува „Н1“.
Тој нагласил дека функционерите први ќе ја примат вакцината со цел да дадат пример пред граѓаните колку е важно тие се вакцинираат и дека вакцината не е штетна.
Порача и дека вакцинацијата против
ковид-19 ќе биде бесплатна, но дека првите
количини ќе бидат доволни само за да го
покријат вакцинирањето на здравствените
работници, дел од војската и полицијата.