26 Септември, 2022
0.0251

ВУЧИЌ: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА МИРОТ ЌЕ ПОБЕДИ, не верувам дека Путин блефира

Објавено во: Балкан 21 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Во денешното интервју за американската ТВ мрежа „Њузмакс“, српскиот претседател Александар Вучиќ изрази очекување дека ќе надвладее мир во светот и дека ќе се постигне компромисно решение меѓу Русија и Украина и оцени дека рускиот претседател Владимир Путнин не блефира кога зборува за своите идни потези, јави дописиникот на МИА од Белград.

Вучиќ, кој беше во студиото на „Њузмакс“ со Ричард Гренел, поранешен специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека Србија мора да види како да ги диверзифицира своите извори на енергија.

- Гледаме како да го диверзифицираме нашето снабдување со енергенти. Градиме интерконектори на границите со Бугарија и Северна Македонија. Вие баравте, г-дине Гренел, да разбереме колку економските врски се важни во нашиот регион. Реконструкција на инфраструктурната мрежа. Гледаме дека трговската размена меѓу Србија и САД денес е поголема од кога било, дури 1,2 милијарди - рече Вучиќ.

Новинарот на „Њузмакс“ оцени дека Западот е загрижен по обраќањето и изјавата на Путин за можното искористување на сите воени капацитети и го праша Вучиќ, кој неколкупати се има сретнато со рускиот лидер, дали мисли дека рускиот претседател блефира.

- Се надеваме дека мирот ќе победи и дека сите ќе направат се за да се постигне компромис. Тоа е подобро отколку да чекаме нечиј пораз. Се сретнав со Путин неколку пати и не верувам дека блефира. Тоа е се што можам да кажам, кажа Вучиќ на прашањето за најавата на рускиот претседател.

Можеби ќе ве интересира

Анадолија: Грција префрла оклопни возила на демилитаризираните острови во Егејското Море

Анадолија: Грција префрла оклопни возила на демилитаризираните острови во Егејското Море

ДВАЈЦАТА ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ЗАЕДНО БИЛЕ НА КРШТЕВКА? - едниот учесник во сообраќајката во која настрада семејство имал 2,5 промили алкохол во крвта

ДВАЈЦАТА ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ЗАЕДНО БИЛЕ НА КРШТЕВКА? - едниот учесник во сообраќајката во која настрада семејство имал 2,5 промили алкохол во крвта

БОЛКА ОД КОЈА СЕ КИНЕ СРЦЕТО - погребано момчето кое се задуши со гас, мајката не дошла ниту на закопот

БОЛКА ОД КОЈА СЕ КИНЕ СРЦЕТО - погребано момчето кое се задуши со гас, мајката не дошла ниту на закопот

ОВА Е СЕМЕЈСТВОТО КОЕ НАСТРАДА ВО КОБНАТА СООБРАЌАЈКА КАЈ МОСТАР - протекоа детали: Имало трка на мртви пијани, поради нив загинаа овие луѓе

ОВА Е СЕМЕЈСТВОТО КОЕ НАСТРАДА ВО КОБНАТА СООБРАЌАЈКА КАЈ МОСТАР - протекоа детали: Имало трка на мртви пијани, поради нив загинаа овие луѓе

ПЕКОЛЕН ПЛАН - во Вукотиќ од кола во движење требало да пука жена од Црна Гора која го следела со GPS, постоеле две стрелечки екипи

ПЕКОЛЕН ПЛАН - во Вукотиќ од кола во движење требало да пука жена од Црна Гора која го следела со GPS, постоеле две стрелечки екипи

ЛИЧНО НАЈМНОГУ МЕ ТРОГНА КОГА НЕГОВИТЕ ДЕЦА ИЗЛЕГОА НА ТЕРЕНОТ И ГИ ВИДОВ КАКО ПЛАЧАТ - Ѓоковиќ за збогувањето со Федерер

ЛИЧНО НАЈМНОГУ МЕ ТРОГНА КОГА НЕГОВИТЕ ДЕЦА ИЗЛЕГОА НА ТЕРЕНОТ И ГИ ВИДОВ КАКО ПЛАЧАТ - Ѓоковиќ за збогувањето со Федерер

СТО ЕВРА ПОВЕЌЕ ИЛИ ЛЕТАШ НАДВОР - станоиздавачите дрско ги зголемуваат кириите во Србија поради доаѓањето на избеганите Руси

СТО ЕВРА ПОВЕЌЕ ИЛИ ЛЕТАШ НАДВОР - станоиздавачите дрско ги зголемуваат кириите во Србија поради доаѓањето на избеганите Руси

ПОРАДИ НИВ МОЈОТ МАЛ АНГЕЛ КРЕНА РАКА НА СЕБЕ! Мајката на Горан ги обвинува соседите за неговата смрт

ПОРАДИ НИВ МОЈОТ МАЛ АНГЕЛ КРЕНА РАКА НА СЕБЕ! Мајката на Горан ги обвинува соседите за неговата смрт

Маж во Ниш се обидел да ја убие сопругата, а потоа се повредил

Маж во Ниш се обидел да ја убие сопругата, а потоа се повредил