Вучиќ си најави политички крај?
Објавено во: Балкан 07 Мај, 2018
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека решението на косовскиот проблем, какво и да биде, воедно ќе биде и негов крај во политиката.
„Кога станува збор за решение за Косово, се надевам на решение. Знам, какво и да биде решението, тоа е мој крај во политиката“ – рече Вучиќ во интервју за Курир.
Прашан што точно значи зборот крај, Вучиќ тоа го прокоментира толкувајќи го менталитетот на своите сонародници.
„Србите се такви. Србите никогаш нема да ми ја простат својата подобра иднина и мирот. Значи, во Србија се слават само поразите и војните“ – вели Вучиќ.
Тој вели дека за нив е поважен економскиот интерес од политичкиот.