19 Август, 2019
0.0202

Вучиќ: Со цело срце ја прифаќам идејата на Заев кажана пред руските комичари

Објавено во: Балкан 15 Јули, 2019

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека "со цело срце ја прифаќа" идејата за понуда за размена на територии помеѓу Белград и Приштина, за која македонскиот премиер Зоран Заев говореше во телефонски разговор мислејќи дека е на линија со поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, но всушност се работеше за руските комичари Владимир Кузнецов и Алексеј Столаров.

Заев на лажниот „Порошенко“ му вели дека е запознаен со скриена намера за размена на територии и дека Приштина на Белград треба да му отстапи 10 општини во северно Косово и дека во замена треба да се добијат "одредени општини од јужна Србија".

"Доколку некој ни го понуди тоа што тој го зборува, јас би го прифатил тоа со целото срце, но очигледно тој зборувал за тоа со некој кој малку се разбира за преговорите меѓу Белград и Приштина", изјави Вучиќ како гостин на телевизија Пинк.

Тој рече дека добил извинување од Заев, откако македонскиот премиер во разговорите кои беа објавени јавно вели дека српскиот претседател бил човек на Русија.

"Тој ми испрати извинување, ми испрати порака. Јас реков „поздрав другар“, што друго да му кажам - да се објаснувам дали сум човек на Русија или не?. Јас сум горд на тоа што сум Србин и што се борам само за Србија и тоа е познато дека ниту сум човек на САД, ниту на Русија, а тоа е тежината на мојата позиција“, рече Вучиќ.


Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) СРБИТЕ ЗА НЕГО СОНУВААТ 70 ГОДИНИ: Ѕирнете го новиот автопат Милиош Велики

(ФОТО) СРБИТЕ ЗА НЕГО СОНУВААТ 70 ГОДИНИ: Ѕирнете го новиот автопат Милиош Велики

Обвинувања за Рама дека е најкорумпиран премиер на Балканот

Обвинувања за Рама дека е најкорумпиран премиер на Балканот

Морина нема поим зошто Македонија му го земала британскиот пасош

Морина нема поим зошто Македонија му го земала британскиот пасош

(ВИДЕО) ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ СО ЖРТВИ ВО ИСТАНБУЛ: Градот под вода, автомобили пливаат

(ВИДЕО) ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ СО ЖРТВИ ВО ИСТАНБУЛ: Градот под вода, автомобили пливаат

(ВИДЕО) ДРАМА НА АВТОПАТ ВО ХРВАТСКА: Авион принудно слетал, патниците престрашени

(ВИДЕО) ДРАМА НА АВТОПАТ ВО ХРВАТСКА: Авион принудно слетал, патниците престрашени

Што се случи со децата кои се затруја во Хрватска?

Што се случи со децата кои се затруја во Хрватска?

НЕ СЕ САМО МАКЕДОНЦИТЕ: Кои други народи немаат пари за летување?

НЕ СЕ САМО МАКЕДОНЦИТЕ: Кои други народи немаат пари за летување?

(ВИДЕО) Машко - женска тепачка на плажа во Улцињ предизвика лавина реакции

(ВИДЕО) Машко - женска тепачка на плажа во Улцињ предизвика лавина реакции

Петнаесета земја го повлекува признавањето на Косово, вели Дачиќ

Петнаесета земја го повлекува признавањето на Косово, вели Дачиќ