Вучиќ вели дека на Србија и претстои тешка борба за независноста
Објавено во: Балкан 25 Април, 2018
Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска изјави дека на Србија ѝ претстои тешка борба за зачувување на независноста на земјата.
„Бидејќи кога зборуваме за Косово, ние не разговараме со тие што треба, односно со Косово, туку со нивните моќни заштитници... Проблем е кога треба да разговарате со оние кои ја разоруваа Србија во 1999 година и ја признаа државата Косово во 2008 година. Тие се многу моќни и силни“- кажа Вучиќ во Ниш.
При отворањето на нов погон во фабриката Леони во Ниш, Вучиќ рече дека во таа политика Србија мора да биде разумна и рационална, да ја зачува својата независност и да ја заштити земјата, но на никаков начин да не ја загрози.
„Сакаме да имаме мир и иднина“- рече Вучиќ.
Тој вели дека во разговорот со светските лидери во лице им го кажува сето она што неговите претходници не смееле во изминатите 20 до 25 години, но дека секогаш води сметка за Србија, бидејќи сака земјата да има подобар углед.
Косовскиот претседател Хашим Тачи пак оцени дека дијалогот со Србија е тежок, но оти е едениствен пат да се оди напред.