Вучиќ за присуството на КФОР на Косово: Mајките не се плашат дали нивните деца ќе се вратат во ковчези
Објавено во: Балкан 15 Мај, 2021
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека ќе го моли генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг да го спречи повлекувањето на КФОР и УНМИК од Косово.
Вели дека ниту една од двете опции не е добра. Вучиќ вели дека доколку КФОР се повлече, нема повеќе никакви права за Србите.
„Имате две опции, да се повлечат КФОР и УМНИК и да остане Бондстил како американска база или таа база да не остане, и овие да се повлечат. Наше е да ги зачуваме мирот и стабилноста, растот што го направивме. Нашите жени и мајки не се плашат дали нивните деца ќе се вратат во ковчези“, рече тој.
Повлекувањето на КФОР и УНМИК од Косово и Метохија не е можно без согласност на Советот за безбедност на ООН.