Бујар Османи денеска ќе ја провери ситуацијата со конфекциите во Штип
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2020
Вицепремиерот Бујар Османи, денеска ќе го посети Штип, каде што во моментов се затворени шестте конфекциски фабрики, од каде е и кластерот на новозаразените.
Засега нема одлука за драконски мерки, односно градот да се стави под карантин, а Османи како главен координатор на кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од Ковид-19 денеска ќе ја скенира ситуацијата во Градот под Исарот.
Во Штип изминатите денови се забележа зголемување на случаите со новозаразени, повеќе од кластери поврзани со вработени во конфекциите. Од почетокот на епидемијата во Штип се регистрирани вкупно 103 случаи, а во моментов активни се 68. Бројот на оздравени пациенти таму изнесува 33, а на починати 2.
Министерот за здравство, Венко Филипче, веќе информираше дека во градот во следните денови ќе се тестираат околу 600 вработени, а досега се тестирани околу 100 поврзани со конфекциите.