Вулин за „Олуја“: На Србите немојте да им се заканувате
Објавено во: Балкан 05 Август, 2019
„Олуја“ кон Србите нема никогаш повеќе да се повтори, рече денеска српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, додавајќи дека ,,никој за тоа не треба да сонува”.
„Ако во Хрватска ја подготвуваат за некој друг, тоа е веќе нивен проблем. Но, на Србите немојте да им се заканувате”, рече Вулин, коментирајќи го обраќањето на хрватскиот министер за одбрана, Дамир Крстичевиќ на приемот за воените команданти на Книн, по повод 24-годишнината од операцијата ,,Олуја”, во кое тој рече дека хрватската армија е подготвена за нова „Олуја”.
Вулин рече дека „не постои земја во светот којашто се радува на протерувањето на своите државјани и не постои земја во Европа што сè уште се придржува кон фашистичката идеологија и практика како што тоа го прави Хрватска“.