26 Април, 2024
0.0328

ВЖЕШТЕНА АТМОСФЕРА ВО ГРЦИЈА: Денес протести поради договорот од Преспа

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент, атмосферата во Грција е особено вжештена, пишува МИА.

Закани преку телефон до пратениците кои го поддржуваат решението меѓу Македонија и Грција, плакати со нивни фотографии од една страна, протест против договорот во центарот на Атина од друга и кампања од владата за промоција на Договорот од Преспа од трета страна.

За 14 часот по локално време е закажан протестот на плоштадот Синтагма, пред грчкиот Парламент против Договорот од Преспа  под слоганот „Македонија значи Грција“, организиран од т.н. „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Очекувањата на организаторите кои нивната кампања против Договорот од Преспа ја водат во најголем дел преку социјалните мрежи, се дека денеска на Синтагма масовноста ќе биде поголема во однос на минатиот протест одржан во февруари минатата година.  А преку видео спот ги повикуваат сите Грци „да излезат пред грчкиот Парламент за да го поништат предавничкиот договор од Преспа и да извикаме Македонија е грчка“.

-Сите Грци на Синтагма за Македонија, во недела 20 јануари во 14 часот ја водиме наголемата битка. Сите ја преземаме нашата одговорност пред историјата. Присутни сме на големиот собир. На Синтагма во недела во 14 часот, сите Грци ќе бидеме таму, пред грчкиот Парламент за да го поништиме предавничкиот договор од Преспа и да извикаме Македонија е грчка. Никој да не отсуствува, повикуваат организаторите.

Исто како и за минатогодишниот протест, така и сега, организиран е превоз од сите делови на Грција, а трошоците се на товар на самите граѓани. Организаторите велат дека само од северниот дел на земјата очекуваат над 3.000 автобуси, а нивните проценки се дека од 150 до 200 илјади граѓани во Атина ќе стигнат со автобуси.

Периферијата и општините од областа Централна Македонија, општини од други делови на Грција, митрополити од земјата, претставници од Света гора, политичари и пратеници од грчките партии, според најавите, го поддржуваат собирот и ќе учествуваат во протестот.

На присутните овој пат нема да им се обрати Микис Теодоракис, туку веројатно ќе биде прочитана негова порака. Но, познатиот грчки композитор преку отворено писмо што го објави весникот „Та неа“ им се обраќа на грчките пратеници во пресрет на ратификацијата на договорот и ги повикува да не „сторат криминал врз Грција, бидејќи штетата што ќе се предизвика ќе биде непоправлива“.

Еден час пред официјалниот старт на протестот, на помалку од еден километар од грчкиот Парламент, анархистички и антифашистички здруженија и групи организираат контра собир против „националистичките протести“.

Според грчките медиуми, се очекува денес Атина да биде под драконски безбедносни мерки за да се избегнат било какви инциденти. Ќе бидат ангажирани над 1500 полицајци, дронови и хеликоптери.



Foto: EPA / Nake Batev

Извор:Миа

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот