21 Ноември, 2018
0.2654
    ALK 8101    -0.01%     BESK 9200    0%     CEVI 1001    0.1%     FERS 70000    0%     KMB 5101    -1.29%

„When in X“, нов македонски стартап кој ќе ја промени туристичката индустрија во Македонија и регионот

Објавено во: Мои пари 04 Септември, 2017

Македонскиот стартап „When in X“ штотуку лансираше нова мобилна апликација која ќе ги поврзе туристите на Балканот со локални граѓани-туристички водичи, желни да го споделат своето знаење за регионот. Со апликацијата посетителите ќе може да разгледаат и резервираат различни активности, културни искуства и настани - сите организирани од локални граѓани.

Името на платформата, „When in X“, доаѓа од популарната изрека „When in Rome, do as the Romans do“ (односно во превод: „Кога си во Рим, прави како што прават Римјаните“). Нивната идеја е на туристите, кои ја посетуваат Македонија и регионот, да им пружат незаборавно искуство и пристап до места и авантури за кои само локалните граѓани знаат.

За разлика од традиционалните туристички агенции кои нудат веќе постоечки аранжмани, „When in X“ промовира алтернативни тури кои ќе ги поврзат туристите директно со локалните „експерти“. Овие „туристички водичи“ на посетителите ќе им понудат широк избор на вистински и автентични искуства: од неверојатни патеки за планинарење и пејсажи за фотографирање, па сè до ресторани со традиционална храна и ноќни клубови за забава.

Овој нов сервис е прилика за локалните граѓани да го развијат алтернативниот туризам во својата земја, а за истото да остварат приход. Сите заинтересирани локални „туристички водичи“ се добредојдени да учествуваат и да допринесат кон развивањето на локалниот туризам, да ги споделат своите вештини и омилени искуства, додека заработуваат дополнителни приходи од истото тоа во што најмногу уживаат.

Доколку имате интересна идеја за тура и би сакале да станете „туристички водич“, посетете ја www.WhenInX.com и регистирајте се како „host“. Сите регистрирани туристички водичи во месец септември, ќе добијат комплетно бесплатен хостинг за нивните тури.

„Нашата мисија е да го промениме начинот на кој туризмот функционира во Југоисточна Европа. Познавајќи го добро Балканот, веруваме дека нашите земји имаат да понудат неверојатни места, неоткриени природни убавини и прекрасни културни искуства кои ќе ги воодушеват посетителите од целиот свет. Тоа што се обидуваме да го направиме е да им овозможиме на туристите полесен пристап до тајните кои сите ние ги знаеме, што со тек на време ќе го зголеми интересот за туризам во овој регион. Дополнително, ќе им овозможи на многу локални туристички претприемачи да изградат поуспешни мали бизниси кои ќе влијаат позитивно на локалната економија.“- изјави тимот на „When in X“.

Платформата „When in X“ е развиена од страна на македонската компанија Webgliders, која после долги години соработка со интернационални клиенти, одлучи да креира свој оригинален продукт. Тимот на компанијата, исполнет со ентузијасти за патувања и активности на отворено, дојде до идеја за туристички услуги кои на посетителите ќе им овозможат да се почуствуваат како дел од локалната заедница.


Платформата „When in X“ е достапна онлајн на www.WhenInX.com и на Apple Store и Google Play. 


Можеби ќе ве интересира

ARGETA ЈА ПРЕТСТАВУВА НОВАТА ПАШТЕТА ЗА ДЕЦА: JUNIOR KOKOKREM

ARGETA ЈА ПРЕТСТАВУВА НОВАТА ПАШТЕТА ЗА ДЕЦА: JUNIOR KOKOKREM

Саниран дефектот во Волково

Саниран дефектот во Волково

Без вода дел од село Орман

Без вода дел од село Орман

Дефектот на ул.2 бб во с.Долно Лисиче е саниран

Дефектот на ул.2 бб во с.Долно Лисиче е саниран

МЕПСО додели стипендии на две студентки на Технички факултет Битола

МЕПСО додели стипендии на две студентки на Технички факултет Битола

Cashback World и РК Вардар ја продолжуваат успешната заедничка соработка

Cashback World и РК Вардар ја продолжуваат успешната заедничка соработка

НА ТЕМА ОБЈЕКТИВНОСТ СТАРТУВА ОСМАТА НЕДЕЛА НА ДИЗАЈН ВО СКОПЈЕ

НА ТЕМА ОБЈЕКТИВНОСТ СТАРТУВА ОСМАТА НЕДЕЛА НА ДИЗАЈН ВО СКОПЈЕ

Реформа на Фондот на пензиското и инвалидско осигурување на Македонија која ќе поддржи и раст на економијата

Реформа на Фондот на пензиското и инвалидско осигурување на Македонија која ќе поддржи и раст на економијата

Прекин на вода во Тафталиџе

Прекин на вода во Тафталиџе