28 Март, 2024
0.0253

Wizz Air никогаш немал летови од Македонија до Полска

Објавено во: Мои пари 17 Август, 2018

Добивај вести на Viber

По повод објавите во некои од медиумите дека авиокомпанијата Wizz Air ја укинала линијата до Полска, од авиокомпанијата  се огласија демантирајќи ги тие наводи.

"Во последните 7 години, кога прв пат почнавме да работиме во Македонија, па се до денес Wizz Air е водечка авиокомпанија во државата. Компанијата со постојано инвестирање во локалните операции и со обезбедување на поволни можности за патниците ја стекна довербата и лојалноста на повеќе од 4,6 милиони патници, транспортирани од 2011 година од целата земја. Нашата македонска флота во Скопје се состои од 2 Airbus 321 и 2 Airbus A320, што значи инвестиција од над 430 милиони долари. Оваа година локалниот тим на WIZZ во Македонија порасна на повеќе од 140 локални членови и според индустриските стандарди, операциите на WIZZ отворија повеќе од 900 индиректни работни места во 2017 година“, велат од Wizz Air .

Додаваат дека се посветени на македонските корисници преку постојано проширување на својата мрежа со ниски цени и создавање на повеќе достапни туристички патувања од аеродромите во Скопје и Охрид. 

Wizz Air во моментов нуди 30 рути до 14 земји со капацитет од 1,6 милиони седишта, остварени во продажба во 2018 година, што претставува раст од 23% во споредба со 2017 година. Оваа година авиокомпанијата го зголеми капацитетот на своите седишта со замена на 2 Airbus A320 авиони од локалната флота со два нови Airbus A321 и најави една нова рута од Охрид до Виена, која започнува во ноември.

Во моментов мрежата на Wizz Air од Охрид се состои од 3 популарни рути до Виена (Австрија), Базел (Франција) и Лондон Лутон (Велика Британија). Рутата Лондон Лутон е оптимизирана според барањата на пазарот и ќе биде функционална само во летната сезона. 

Наскоро, како што информираат авиокомпанијата ќе го стави летниот распоред за 2019 година на продажба и патниците ќе можат веќе да ги планираат своите патувања и да ги резервираат своите карти на WIZZ рутите од Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија