За 24 часа биткоинот доживеа бум
Објавено во: Економија 24 Јули, 2021
Расте вредноста на биткоинот. Тој за 24 часа скокна за 4.1 отсто.
Биткоинот утрово се тргува по цена од 33.889 долари. Тоа е скок за 8,2 отсто во последната недела, покажуваат податоците од веб-страницата „Коингеко“.
Етереумот, втората најпозната криптовалута во светот, ја зголеми вредноста за 3,2 проценти во последните 24 часа се тргува по цена од 2.142 долари, односно има раст за 14,5 проценти во последната седмица. И другите криптовалути во последните 24 часа имаат зголемување на вредноста. Оваа година криптовалутите имаат доста турбуленции.