01 Септември, 2024
0.0288

За 2,5 милиони евра се бара консултант за изградба на гасоводот со Грција

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Операторот на гасоводната мрежа Номагас го објави повикот со кој се бара консултант за изградбата на гасоводот кој ќе ја поврзе Македонија со Грција. Надзорникот ќе треба да ги надгледува сите работи кои вклучуваат изградба на двонасочен гасен интерконектор Неготино - Евзони на македонска територија, помеѓу системите за природен гас на Македонија и Грција. Гасоводот е долг приближно 67 километри и има работен притисок од 74/54 бари. Работите вклучуваат и редукциона станица и придружни објекти.

Проектот е финансиран од Европската инвестициска банка, а сумата која се претпоставува дека ќе му се плати на консултантот за услугата е 2.450.000 милиони евра.  Времетраењето на договорот би изнесувал 39 месеци, односно се претпоставува дека толку време ќе треба да се изгради гасоводот.  Пристигнатите понуди ќе се отвораат на 6 март.

Во втората половина на февруари се очекува да биде распишан и јавниот повик за самата изградба на интерконекторот за природен гас со Република Грција, според претходните најави на министерот за економија Крешник Бектеши.

Во јули 2021 во Атина беше потпишан договорото помеѓу македонската и грчката влада за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Македонија.  Потоа следуваше и договор на ниво на национални оператори кои гарантираат за изградбата на интерконекторот помеѓу двете држави.

Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 100 милиони евра. Од овие средства инвестицијата на Македонија изнесува 54 милиони евра. Гасоводот предвидено е да биде во заедничка должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас.

Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на зелен водород.

Една од главните предности од изградбата на интерконекторот е подобрување на сигурноста во снабдувањето и ликвидноста на пазарот на гас во Македонија и снабдување со гас од Јужен коридор.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Падот на патниците на скопскиот аеродром продолжува и во јули

Падот на патниците на скопскиот аеродром продолжува и во јули

ГИ ПРОДАВААТ КУЌИТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Русите бегаат од Финска

ГИ ПРОДАВААТ КУЌИТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Русите бегаат од Финска

НАРОДНА БАНКА: Растат каматите на депозитите

НАРОДНА БАНКА: Растат каматите на депозитите

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“