За 30 години работа во балканска земја иста пензија како за 3 години во Германија
Објавено во: Финансии 09 Август, 2018
Хрватски пензионер за 30 години работа во родната земја има пензија од 1902 куни, а за три години работа во Германија има 204 евра.
Хрватски медиум пишува дека Иван Шалковиќ од селото Ораховица во седумдесеттите заминал во Германија, но по три години поради семејни обврски морал да се врати.
Овој човек вели дека во Германија работел, но бил добро платен, а потоа се вратил во Хрватска и работел во циглана.
Прво земал хрватска пензија која изнесувала 1350 куни, а сега е 1902 куни.
Германската пензија прво била 86 евра, а сега е 204 евра.