За Ана Брнабиќ регионот сега е полош за разлика од пред неколку години
Објавено во: Балкан 18 Јуни, 2019
Според српската премиерка, Ана Брнабиќ, ситуацијата во регионот денес е полоша отколку од пред неколку години, пред сè, како што вели, заради Приштина.
На крајот на нејзината посета на Лондон, Брнабиќ рекла дека имала кус разговор со албанскиот премиер Еди Рама за некои неодамнешни изјави.
„Го замолив да седнеме и да видиме до кај сме, да повлечеме линија и да кажеме дека сè понестабилен регион не нè води никаде. Тоа на сите ќе ни се удри во глава, ајде да видиме како можеме да продолжиме да ја јакнеме регионалната стабилност и поврзаност“, рекла Брнабиќ.
Таа порачала дека Србија не може да биде стабилна без стабилен регион и мора да продолжи да вложува во регионалната стабилност.