За Битола напишете Биупла, за Чаир - Шаир: Листата за ваучери слаба за пребарувањето, но дали е поткуп во предизборие?
Објавено во: Економија 14 Август, 2021
Објавена е целосната листа на одобрени потврди за користење на средства за организиран одмор во износ од 12.000 денари. Партијата „Твоја“ чиј лидер е професорката Мирјана Најчевска бара Државната комисија за спречувањ ена корупцијата и Јавното Обвинителство да покренат постапка за предизборен поткуп.
„На крајот од летото, на само 2 дена пред новите рестриктивни мерки, во време на веќе распишани локални избори, Владата доделува финансиска помош, што претставува класичен предизборен поткуп. Целосната листа на одобрена финансиска помош можете да ја погледнете на следниот линк и да донесете заклучок сами https://www.economy.gov.mk/aa/doc/3015. Доколку сакате да пребарувате по градови, за Битола треба да впишете биупла, за Чаир треба да напишете Шаир, стои во објавата.