24 Април, 2024
0.0271

ЗА ДА ИЗБЕГНАТ КАЗНИ: ЕУ бара од социјалните мрежи да се менуваат!

Објавено во: Стил 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Социјалните мрежи, кои сакаат да обезбедат услуги на територијата на Европската унија, ќе треба да се менуваат. Од заштитата на личните податоци на корисниците до брзината со која ќе избришат нелегални или заканувачки содржини. Ако не се согласуваат, ќе бидат казнети.

Ова беше објавено официјално од Европската комисија, од каде најавија официјално дека „ќе преземат акција за да се осигураат дека социјалните мрежи се во согласност со потрошувачките права во ЕУ“.

Во оваа недела Германија објави дека подготвува нов закон кој ќе ги обврзе социјалните мрежи како Facebook, Twitter и Google+ да избришат клеветнички или заканувачки пораки, во спротивно ќе бидат казнети со 50 милиони евра.

Според информација на Reuters компаниите веќе имаат понудено начини на кои да се решат проблемите и веќе ги разгледуваат со европските власти. За време на средбите е разговарано за спорна точка од општите услови, која ги обврзува корисниците да претендираат исклучиво пред судот во Калифорнија, каде се базирани повеќето големи компании, наместо во нивната сопствена држава.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган