ЗА ДА ОСТАНЕ ГЕРМАНИЈА СТАБИЛНА, ТОЈ МОРА ДА БИДЕ КАНЦЕЛАР: Меркел го поддржа Армин Лашет
Објавено во: Свет 26 Септември, 2021
Германската
канцеларка Ангела Меркел го поддржа кандидатот на нејзината партија Армин Лашет
на денешните парламентарни избори, на кои граѓаните го избираат и нејзиниот наследник.
Овие избори во Германија, аналитичарите ги оценуваат за едни од најнеизвесните
во историјата на земјата.
Ангела Меркел присуствуваше и на последниот митинг на ЦДУ, во родниот град на Армин Лашет, кој го пофали како „градител на мостови меѓу луѓето“.
- За Германија да остане стабилна, Армин Лашет мора да биде канцелар, а ЦДУ и ЦСУ да бидат најмоќната сила - рече Меркел.
Шеесетгодишниот Лашет, кандидатот за канцелар на Германија од коалицијаташто ја предводи Меркел ЦДУ-ЦСУ, заостанува зад противникот на социјалдемократите, Олаф Шолц, во трката за канцелар, покажуваат најновите предизборни анкети. За Шолц би гласале дури 47 проценти, додека за Лашет само 20 отсто од германскиот електорат.