29 Март, 2024
0.0264

За девет години 70 милиони евра од ФЗОМ завршиле во Жан Митрев Клиник, сумите допрва ќе растат

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Безмалку 70 милиони евра, пари од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) завршиле во касата на приватната Клиника на Жан Митрев, Филип Втори односно Жан Митрев Клиник, во последните девет години. Само за годинава, за оваа Клиника како буџет од државниот фонд се предвидени 562 милиони денари (над 9 милиони евра). Од оваа година со посебен договор на Жан Митрев Клиник се префрли и државната детска кардиохирургија, па сега таму му се вршат таканаречени Кардиоторакални/васкуларни процедури на деца до 18 години и Кардиоторакални/васкуларни процедури на новороденчиња кои порано се вршеа на Универзитетската клиника за детска хирургија, во Клиничка Болница Аџибадем Систина (во ретки случаи) и ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев (над одредена возраст). Сега ќе се вршат само во ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев (за сите возрасти, вклучувајќи и новороденчиња од најмала возраст). Фактор ги има сумите кои од ФЗОМ завршувале во приватните клиники по години. Конкретно за Жан Митрев Клиник сумата годинава е за 120 милиони денари (два милиони евра) поголема од таа која била префрлена лани или во 2018 година. Ако одобрените буџети се споредуваат со Клиничката болница Аџибадем Систина, на пример, која е и доста поголема, разликата за овие девет години е дури 20 милиони евра, во корист на Жан Митрев Клиник, иако и двете болници вршеле слични услуги цело време.

Инаку по години Филип втори или Жан Митрев Клиник добивала во просек по околу 400 милиони денари, некогаш повеќе. некогаш помалку, но сумата за годинава надминува 500 милиони денари, односно изнесува точно 562 милиони денари.

Фактор успеа да дојде до сумите иако, конкретно колку пари ФЗОМ давал за детските операции додека тие се вршеа на Детска хирургија, нема податок, оти од Фондот тврдат дека тогаш буџетот бил заеднички. Дали има ефект и колку е успешен проектот „преселба“ на Детската кардиохирургија од Фондот и од Министерството за здравство не даваат одговор, иако токму тие треба да ја прават ревизијата за успешност. Упатуваат овие одговори да се бараат во самата Клиника. Познавачите велат дека ова е нелогично затоа што успешноста и ефикасноста мора да биде предмет на ревизија.

Во меѓувреме, уште е свежо обвинувањето од партијата Алијанса на Албанците според кое, ФЗОМ во два наврати, еднаш кон крајот на минатата година и ден откако беше склучен договорот со Жан Митрев за префлување на Детската кардиохирургија, ги зголемил референтинте цени на некои услуги меѓу кои и на тие што се вршат на Жан Митрев Клиник. Фондот има свое објаснување за зголемувањето на цените и го испрати како стручен одговор до Фактор иако ние побаравме да ни ја пратат анализата која ја докажува потеребата од зголемување на референтните цени токму во тој момент. За нив не е симтоматично што цените не се менувале повеќе од деценија, а сега поради, како што велат, инфлацијата, референтниот надоместок морало да се зголеми. Има и други причини кои се малку издржани.

„Корекцијата на цените е направена и врз основа на барањата од страна на јавните здравствени установи, и доставување на финасиски податоци за трошковната структура за одредени ДСГ процедури. Дополнително, неколку години по ред, Државниот завод за ревизија ја дава следнава забелешка, која беше и дополнителна причина за  корекција на цените: “Ревизијата не се увери дека референтните цени на здравствените услуги се доволни за покривање на реалните трошоци на здравствените установи. Истите се утврдени во претходниот период и не е направено нивно прилагодување кон актуелните состојби поради отсуство на финансиски анализи на трошоци од трана на ЈЗУ кои треба да служат како споредбени показатели”, стои во објаснувањето од ФЗОМ.

А кои се фактите кои ги потврдуваат и од ФЗОМ? Во 2011 година на пример цената на надоместокот за кардиоторакални/васкуларни процедури за новоредничиња изнесува 782.302 денари. Со корекцијаво ноември лани надоместокот изнесува 899.647 денари, додека од 1 февруари годинава надоместокот е 1,124.559 денари. За кардиоторакални/васкуларни процедури за деца до 18 години надоместокот претходно изнесувал 732.000 денари. Од ноември 2018 година е 797.880 денари, а од февруари годинава е 997.350 денари. Во одговорите од ФЗОМ кои се повеќе од стручни ова се образложува дека е последица за инфалцијата во сите овие години.

„Бидејќи референтите цени во ДСГ методологијата (лежечки пациенти) не се коригирани од 2010 година, при прилагодување на референтните цени, Фондот како основа за зголемување на трошокот на здравствените услуги тргна од кумулативната инфлација за периодот 2010-2018 (со проекција за 2018) според официјалните податоци на Народна банка на Р. Македонија, која изнесува 15%. За ДСГ групите чија референтна цена не е променета од 2012- 2013 година усогласувањето е 9% (инфлација за периодот 2012-2018). Дополнително, Фондот побара детални анализи од Јавните здравствени установи за трошковната структура за одредени ДСГ процедури, од кои  голем број покажаа дека се повисоки за 15% од моменталната ДСГ референтна цена, но пордаи големата дискрепанца, во ценовните анализи на ЈЗУ-ата, Фондот одлучи да да ја користи кумулативната инфлација, од Народна Банка како соодветен показател, стои во одговорот од ФЗОМ.

Инаку оттаму упорно тврдат дека нема второ зголемување на референтната цена туку дека тоа е направено заради процедури со фактурирањето.


А.Т.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие