За Договорот од Преспа грчките пратеници ќе гласаат утре
Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2019
За Договорот од Преспа грчките пратеници утре ќе гласаат.
Иако се очекуваше тоа да се случи денеска, сепак седницата ќе продолжи утре.
Се смета дека причина за одлучување е тоа што ќе има масовни протести, додека во Парламентот беше кажано дека ќе им се даде простор на сите пратеници да се изјаснат.
Протестот веќе почна во Атина под силни безбедносни мерки.
Иако дводневната тензична дискусија се очекуваше да заврши денеска – никој не се повлекува, а опозициската Нова Демократија веќе најави дека сите нејзини членови ќе се обратат, со што ќе покажат дека владата има тешка опозиција. Протести против името паралелно започнаа и во Солун и Лариса. Денеска членовите на Комунистичката партија на Грција ставија на Акропол и две паноа со порака против Преспанскиот договор.