28 Март, 2024
0.0866

За две децении во Македонија инвестирани само 300 милиони евра во автопат

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

За 20 години сите влади во Македонија инвестирале 314,5 милиони евра за изградба на автопатски делници. Тоа значи дека годишно за изградба на автопат се инвестирале по само15,7 милиони евра. Според официјалните податоци од ЈП за државни патишта доставени до Фактор, за две децении изградени се 122,7 километри автопат или годишно во просек се градел по само 6,1 километари автопат.

Наташа Стојановска

За десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ под раководство на Никола Груевски изградени се само 7,6 километри автопат во вредност од 13,2 милиони евра. Станува збор за автопатската делница Табановце – Куманово, што се градела три години. Но, исто така, во мандатот на Никола Груевски како премиер е довршена изградбата на делницата Оризари – Сарај од скопската обиколница, што почнала да се гради во 2005 година. Станува збор за 12 километри долга делница за која се инвестирани 71,7 милиони евра.  

Поранешниот премиер Никола Груевски, иако во 2009 година најави изградба и обнова на 300 километри автопатишта во вредност од околу милијарда евра, сепак, тоа не се случи. А, само неколку години подоцна токму Груевски призна дека Владата што ја предводеше малку се фокусирала на изградба на автопати, затоа што повеќе биле сконцентрирани на изградба на локални патишта.  

„На секој човек му се случува на автопат во годината да отиде еднаш, два, пет или десет пати, но 99 од луѓето патуваат на автопати неколку пати во годината. Меѓутоа, на оние локални и регионални патишта во кои доста вложивме луѓето патуваат секој ден најмалку двапати, некогаш и повеќе. Во голема мера се фокусиравме на тој дел затоа што е целта не ни е да се фокусираме само на автопати, туку да ги задоволиме секојдневните потреби на луѓето. Се разбира, во иднина ќе продолжиме да бидеме фокусирани и на автопатишта, како и на регионалните и на локалните патиштаизјави Никола Груевски, во 2012 година.

Кратко потоа, Владата се задолжи со сума од 580 милиони евра кај Кинеската Ексим банка, за кредити со кои сега се градат два нови автопати Кичево - Охрид и Миладиновце –Штип. Земањето на овие кредити наидоа на сериозни критики, пред се затоа што не се транспарентни, не се знае што точно и колку се плаќа, а дополнително сега и Државниот завод за ревизија обелодени дека поради негативни курсни разлики, врз основа на начинот на кој е склучен договорот досега двата автопати чинат дури 17 милиони евра поскапо.

Кои автопатски делници се изградени од 1996 до 2016 година

Во 1998 година започнале да се градат 52,6 километри автопат, односно, стартувана е изгрдбата на автопатската делница во Гевгелија на граница со Грција, потоа Стоби –Неготино и автопатот Скопје –Тетово.  

Изградбата автопатската делница во Гевгелија на граница со Грција е звршена за една година. Делицата во должина од 4,6 километри се градела чинела 3,5 милиони евра.

Делницата Стоби –Неготиново должина од 16 километри  се градела две години, и целосно е завршена во 2000 година. Изградбата чинела 30,2 милиони евра. Додека автопатот од Скопје до Тетово во должина од 32 километри се градел три години, при што комлетно е завршен во 2001 година, а инвестицијата чинела 85,4 милиони евра.

Потоа во 2000 година стартува изградбата на делницата на излез од Охрид (Билјанини извори) до Свети Стефан во должина од 5 километри, и тоа чинело 3 милиони евра. Истата година стартувала и изградбата на делицата Неготино – Демир Капија во должина од 16 километри за  која се платиле 26 милиони евра.

За делницата Хиподром- Оризари од скопската обиколница долга 14,5 километри  што почнала да се гради во 2002 година и завршила дури после седум години потрошени се 65,1 милиони евра.

Во 2003 година стартувала изградбата на обиколницата во Тетово во должина од 3,5 километри и се градела цели две години, а инвестицијаа чинела 6,5 милиони евра. Истата година старувала и завршила и изгрдбата на делницата Смоквица –Гевгелија во должина од 11,5 километри и оваа инвестиција чинела 9,5 милиони евра.

Во 2005 година старувала изгрдбата на делницата Оризари- Сарај, како дел од скопската обиколница а завршила во 2008 година, и изградбата на 12 километри долгата делница чинела 71,7 милиони евра. А во 2008 почнала изгрдбата на делницата Табановце –Куманово во должина од 7,6 километри, при што инвестицијата чинела 13,2 милиони евра.  

Анализата ја направивме по веста дека Автопатската изградба закочи. Автопатите Кичево – Охрид и Миладиновце - Штип, што се градат со кинески кредит, нема да бидат завршени навреме. Ова е констатација на Државиот завод за ревизија, откако е направен увид во документацијата за текот на градежните работи, но и во делот на финансиите.

Според добиените извештаи од надзорот, за кои вчера пишиваше Фактор, наведено е дека, изградбата на автопатиштата се одвива со бавно темпо, односно има доцнење како во делот на градежните работи, така во делот на  финансиската реализација, во однос на она што е планирано и договорено,  посочуваат државните ревизори.


Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“