ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ГРЦИТЕ УБИЛЕ ЧЕТВОРИЦА АЛБАНЦИ: Тирана жестоко реагираше

Објавено во: Балкан 05 Декември, 2018
Тирана жестоко реагираше за убиството на албански државјани во Грција.
По убиството на Марио Исаку (18) во грчкиот град Кавала, остро реагираше албанското Министерство за надворешни работи.
Загрижени се за, како што велат, серијата убиства на Албанци во Грција.
„Остро ја осудуваме позадината на екстремизмот и говорот на омраза што ги придружува овие настани во соседната земја и ги повикуваме грчките власти да ги осудат и да спречат какви било обиди на Златна зора или на други екстремистички сегменти да се закануваат на безбедноста и достоинството на Албанците, кои работат и придонесуваат во соседната земја“, стои во во реакцијата.
Министертвото искажува загриженост „за серијата убиства на Албанци“ и во исто време се сочувствува со нивните семејства.
„Во услови кога нашите сонародници го чувствуваат притисокот на невидена кампања на омраза и насилство, ја изразуваме заложбата на албанската држава да им обезбеди на жртвите и на нивните семејства потребна правна и финансиска поддршка за заштита на нивните основни права како членови на најголемата емигрантска заедница, која живее и со децении придонесува во Грција“, се наведува во реакцијата.
Безживотното тело на младиот Исаку, роден во Кавала во 2000 година, а по потекло од Албанија, е пронајдено синоќа. Според министертвото ова е четврто убиство на албански граѓанин во последните две недели.
Претходно на Крф беше убиен човек по расправа за името на Македонија, по што Грк му направил заседа, го убил и фрлил во ендек.
Можеби ќе ве интересира
Се породи партнерката на српската премиерка, Србија не признава истополови бракови

Симнат пратеничкиот имунитет на Барбарусис, кој повика Ципрас да биде уапсен поради Преспанскиот договор

Семејството со години лажело дека контактира со Јасмина, додека нејзиното тело било во замрзнувач-два мотиви за свирепото убиство?

Хрватска шокирана од морбиден чин: Ја убила сестра си, па ја чувала во замрзнувач 20 години

(ВИДЕО) Масовен протест во Тирана, демонстранти ја кршат владината зграда

Борисов во Србија издејствува град да носи и бугарско име

Словенечки пратеник поднесе оставка откако украде сендвич

(ВИДЕО) Почнале од нула, а денес за нивното сирење слушнале и во Египет
