ЗА ЕДЕН ДЕН 19 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД: Најмладите имаат 32 и 38 години

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2021
Во последното деноноќие се регистрирани 333 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.547 тестирања, информира Министерството за здравство. Најмногу нови дијагностицирани има во Скопје – 152. Во Битола се 33, Охрид – 20, Кавадарци и Струмица – по 16, Прилеп –14, Куманово и Делчево – 10, Велес – 8, Кочани, Свети Николе и Ресен – 7, Штип – 6, Крива Паланка – 5, Тетово и Струга – по 4, Виница – 3, Гевгелија, Демир Хисар и Крушево – по 2, Кичево, Неготино, Берово, Кратово и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 309 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19 починати лица - 6 починати лица од Скопје (52г, 66г, 78г, 79г, 88г, и 91г), 5 починати лица од Битола (59г, 69г, 79г, 80г и 86), 2 починати лица од Велес (38г и 72г) и по едно починато лице од Штип (71г), Пробиштип (89г), Кавадарци (32г), Кочани (66г), Гевгелија (58г) и Македонска Каменица (65г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се појави сомнителен случај, се утврдува дали се работи за мајмунски сипаници, а КЗБ препорача карантин

Комисијата за заразни болести препорача карантин за сомнителните случаи за мајмунски сипаници
Од кичевската болница се огласија - велат пациентот сомнителен за мајмунски сипаници бил тежок за соработка, но не избегал

Oд Кабинетот на Пендаровски одговорија зошто ја нема Плочата за АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчињски

Владина делегација положи цвеќе во спомен на загинатите армиски припадници кај Љуботенски бачила

ПРИСТИГНАЛ ОД АВСТРИЈА: Кичевчанецот со можни мајмунски сипаници избегал од болница

Навивачи на ФК Шкупи претепале осум Швеѓани кај Бит Пазар

Регистрирани се 693 случаи на КОВИД-19 и двајца починати

Русија објави нови податоци - колку македонски борци загинаа во Украина?
