25 Април, 2024
0.0285

ЗА ЕДНА ГОДИНА: Драстичен пораст на исклучени поради неплатена струја

Објавено во: Економија 24 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Бројот на исклучени потрошувачи поради неплатени фактури за потрошена електрична енергија во 2017 година изнесува 19.477 и во целост се однесува на исклучени домаќинства. Кај овој индикатор има значително зголемување за 166,8 отсто, споредено со 2016 година, кога бројот на вакви исклучувања изнесувал 7.299, покажуваат податоците добиени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Регулаторната комисија за енергетика континуирано го следи и комерцијалниот квалитет  на услугата снабдување со струја. Во 2017 година следењето на комерцијалниот квалитет на електрична енергија исто така отпочна да се врши преку новиот систем за маркет мониторинг.

Во рамки на ЕВН Македонија АД Скопје, како носител на лиценцата за снабдување со електрична енергија на тарифни потрошувачи, постои Центар за односи на корисници, кој е одговорен за евидентирање, следење, анализа како и за преземање на мерки за подобрување на комерцијалните услуги.

Вкупниот број на телефонски јавувања во Центарот за односи со корисници во 2017 година изнесува 624.614 и споредено со 2016 година, кога бројот на телефонски јавувања бил 549.528, кај овој индикатор има зголемување за 13,66 отсто. Дополнително, бројот на пристигнати поплаки по електронска пошта во 2017 година изнесува 55.570, бројот на поднесени писмени поплаки преку архива е 46.020, додека бројот на евидентирани директни посети на потрошувачи изнесува 209.793, или вкупниот број на комуникации на потрошувачите со Центарот за односи со корисници на ЕВН Македонија АД Скопје во 2017 година изнесува 935.997.

Во однос на приговорите за снабдување со електрична енергија на тарифни потрошувачи во 2017 година, пристигнати се вкупно 31.680, од кои одобрени се 24.239 приговори, додека 7.225 се одбиени. Просечно време на одговор по приговор во 2017 година изнесува 45 дена.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?