22 Април, 2019
0.0404

За една недела започнува менувањето на таблите со новото име

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2019

За една до две недели ќе започне менувањето на официјалните државни табли со новото уставно име на Македонија, објави Владата по синоќешната 117-та седница.

Оваа мерка стапува во сила веднаш после ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО од страна на Република Грција, и кои ја регулираат употребата на новото уставно име согласно амандманите. Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, според најавите на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, се очекува да биде потпишан уште следната недела.

„Согласно овие заклучоци, надлежните министерства, државни органи и институции, јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата во предвидениот рок по стапувањето на сила на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, ќе треба да извршат промена на таблите на граничните премини и државната граница на нашата земја, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите“, гласи соопштението на Владата.

Истовремено и службите за односи со јавност на државните институции ќе добијат упатства како да комуницираат со медиумите. Препораки ќе добијат и општините. 



Можеби ќе ве интересира

Додека пукале во таткото, му го убиле 8-годишното синче во кумановско

Додека пукале во таткото, му го убиле 8-годишното синче во кумановско

Помалите домашни фирми најчесто имаат партнери од регионов

Помалите домашни фирми најчесто имаат партнери од регионов

Ивор Мицковски: Историски најлош резултат за СДСМ

Ивор Мицковски: Историски најлош резултат за СДСМ

Саниран дефектот на „Видое Смилевски Бато“ 11

Саниран дефектот на „Видое Смилевски Бато“ 11

Зеколи: Власта понижувачки изгуби, опозицијата убедливо победи

Зеколи: Власта понижувачки изгуби, опозицијата убедливо победи

УТРИНСКИ ФОКУС: Во втор круг силите ќе ги мерат Пендаровски и Силјановска

УТРИНСКИ ФОКУС: Во втор круг силите ќе ги мерат Пендаровски и Силјановска

Атанасоски: Апсолутен црвен аларм кон политиките на власта

Атанасоски: Апсолутен црвен аларм кон политиките на власта

Епидемијата на морбили не стивнува: Вакцинацијата задолжителна и за училиште

Епидемијата на морбили не стивнува: Вакцинацијата задолжителна и за училиште

Савески: Стравувам дека власта ќе посегне по нерегуларности во вториот круг за да избегне бламажа

Савески: Стравувам дека власта ќе посегне по нерегуларности во вториот круг за да избегне бламажа