За Ердоган каматите се зло, лирата „потона“ по оваа изјава
Објавено во: Балкан 11 Мај, 2018
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на намалување на каматните стапки во Турција, и кажа дека каматите се „мајка и татко на секое зло“.
„Ако мојот народ на изборите порача дека треба да продолжам по тој пат, јас ви кажувам дека ќе победам во борбата против камшикот на каматите“ - изјави Ердоган.
По ваквите ставови на Ердоган, вредноста на турската лира забележа пад во однос на водечките светски валути. По изјавата на Ердоган еден долар достигна вредност од 4,3080 лири. Еден американски долар вчера се менуваше за 4,2374 лири.
Дополнителен притисок врз вредноста на лирата има и загриженоста на инвеститорите дека Централната банка на Турција не може да се справи со инфлацијата.